Кој е вмешан во смртта на љубовницата на сопственикот на Пинк ТВ?

Соба 326 хотел "Хајат", 10 декември 2014 година. Ивана Бакиќ Бодрожиќ (31) престојува во хотелот четири дена. Таа е нервозна, растроена и ја мачи несоница. Излезот од кризата го наоѓа во кокаинот.

Ивана неколку денови пред смртта била нервозна и бесна, а по ноќта помината со сопственикот на "Пинк" не можела да заспие. 

Никој не знае колку пати и колкава количина на кокаин консумирала. Деновите претходно пиела лексилиум, салвал и белбијен, но не и било доволно. Му се јавила на пријател и му побарала анестетик "пропофол". Тоа бил кобниот чекор. Полицијата ја нашла следниот ден, полугола и мртва со шприцот во рака.

Ваква е сликата, која може да се добие врз основа на полицискиот извештај кој бил испратен до јавниот обвинител а до кој Блиц добил пристап. Според пишувањата на Блиц, нејзината смрт ги открила и сите нејзини тајни. 

Како таа живеела во последните две години, каков бил односот меѓу неа и нејзината мајка Неда, нејзините емоции, страст, тага, бес...На површина исплива и вистината за нејзината емотивна врска со сопственикот на "Пинк", Жељко Митровиќ, како и нејзините проблеми со алкохолот, наркотиците и другите опијати.

Нервозна и бесна

Ивана живеела бурно. Постојано била на патувања, журки...И поради тоа била константно уморна. Помош побарала од Софија Шуабиќ (51) медицинска сестра од Белград. Според полицијата, и Софија имала проблем со опијати.-Се започна пред пет години. На почетокот и давав витамиснки инфузии, најчесто кога ќе се вратеше од долго патување. Пред две години ме замоли да и набавам анестетик "пропофол" бидејќи имала проблеми со спиењето. Се согласив. Оттогаш и давав анестетик на секои 15 или 30 дена. Во една прилика ми призна дека и самата си давала "пропофол", изјавила Софија во полициската станица на 17 декември.

Но, кога мајка и на Ивана ја фатила на дело како консумира "пропофол" се заканила дека ќе ги пријави во полиција.

-Неда дојде во станот на Ивана. Ни се закани дека ќе не пријави во полиција. Ивана беше бесна бидејќи и кажав дека повеќе нема да и носам "пропофол". Така прекинавме да комуницираме. Но, три дена пред да почине ми се јави, изјавил Софија при тоа додавајќи дека последниот пат кога се слушнале Ивана била во паника бидејќи не можела да спие. 

Според сведоштвото на Софија, Ивана побарала помош од анестезиологот Љубиша Павловиќ од Клиниката за итни случаи и интерна медиција кој го запознала преку Софија.

-Ми се јави Ивана и дојде кај мене по медицинска опрема, наводно потребна за нејзината болна мајка. Оттогаш ми се јавуваше по 10 пати на ден. Еднаш ме праша дали можам да и набавам анестетик бидејќи нејзината мајка боледувала од карцином. И реков дека анестетикот чини 100 евра, но никогаш не и дадов, продадов или доставив анестетик од работа, изјавил Љубиша.

За зависноста на Ивана од "пропофол" знаела и нејзината мајка Нада, член на парламентот на Војводина.

-Го консумираше од време на време. И најдов ампули во станот во Белград каде и ги фатив со Софија кога примаше инфузија. Не знаев, т.е не бев сигурна дека и даваше пропофол. Но, сигурна сум дека престана да консумира "пропофол" во месец април и тоа бидејќи беше под моја контрола во Нови Сад, изјавила Нада за полицијата

Таа ја потврдила приказната за емотивниот однос помеѓу Ивана и Жељко.

-Знаев за нивната врска. Ивана одеше во Белград само кога требаше да се сретне со него. Последен пат се слушнавме на 8 декември кога требаше да се врати во Нови Сад. Не ми кажа зошто, но ми кажа дека ќе дојде неколку дена подоцна, додала таа.

Митровиќ: Со Ивана спиев во соба 326

Емотивната врска со Ивана ја призна и Жељко Митровиќ. Тој во полицијата на 17 декември ги открил деталите околу нивниот однос, кои се до денес беа тајни. Во апартманот 326, ноќта на 6 декември, четири дена пред Ивана да си го одземе животот тие биле заедно. 

-Нашиот однос беше повеќе од пријателски. Се дружевме, соработувавме и на приватно и на професионално поле. Во последно време кога доаѓаше во Белград престојуваше во апартманот 326 кој за потребите на "Пинк" секогаш го резервираше директорот на "Сити рекордс", Бане Стојановиќ. Нада ми кажа дека Ивана користи "пропофол" и дека го набавува преку Софија. Знаев дека консумира и кокаин, но само на журки. Не знаев дека користи "пропофол" во последниве месеци. Се договоривме со Нада дека треба да се пресели во Нови Сад за да може да ја контролира, признал Жељко.

Според неговото сведоштво, тие биле заедно на 6ти декември. Тоа била нивната последна средба. Се разделиле во 14 часот на 7 декември. Жељко во хотелот престојувал до 10 декември заедно со сопругата и децата каде биле поканети на роденденската прослава на синот на Цеца. Таа вечер тој не ја видел Ивана. 

-Кога не можевме да се добиеме на телефон, таа ми праќаше СМС пораки. Поради обврските ретко и одговарав. Ивана имаше променливо расположение. Понекогаш зборуваше и за самоубиство,  и кажал Жељко на полицијата.

Кобна доза

Денот по разделбата со Митровиќ, таа повторно не можела да заспие. Во паника барала лекови за смирување. Не можела да најде па решила да и се јави на старата пријателка Софија. 

-Ми се јави неколку пати. Беше во паника и бараше да и донесам лекови за смирување. Отидов до "Хајат" и влегов во апартманот 326. И ги дадов лековите кои и јас ги користам. Таа зема лексилиум, салвал, белбијен. Но не беше задоволна, па почна да ми вика и да ме навредува. Изглегов од апартманот и тоа беше нашиот последен контакт, изјавила Софија.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега