Го допреа дното: Опозицијата го направи Хашим Тачи демократ, а тој се сомничи за трговија со органи!
Опозициските медиуми го допреа дното. Тие дури и Хашим Тачи го направија демократ.
Организирано, медиумите блиски до СДСМ, денес го пренесуваат интервјуто на „Слободен печат“ со Хашим Тачи, потпретседател на косовската Влада и министер за надворешни работи.
Еве го извадокот од интервјуто на кој тие се повикуваат со ударни наслови дека Тачи не ни помислил да тужи новинар.
-На Косово има слободни медиуми врз кои нема никакви политички притисоци, барем што се однесува до мене и до мојата партија. Но, има и медиуми што сакаат да бидат блиски до политиката, што го користат за свои цели. Како и да е, ние мора да ја афирмираме слободата на медиумите и за таквите медиуми да создаваме доволен простор за работа.... На Косово нема притисоци кон новинарите, ниту закани, а во никој случај затворање на медиуми или апсења на новинари. Власт што мисли дека слободата на мислењето може да се ограничи со апсење – таква власт нема иднина, ниту на Косово, ниту во Македонија, ниту каде било во регионот, стои во интервјуто.
Медиумите водени од лица блиски до политичарите од Бихаќка, превземаа беден чекор со цел да ја нападнат македонската Влада, правејќи го примерен политичар, ни помалку ни повеќе- туку Хашим Тачи.
Новинарите, политичарите и медиумите кои имаат за цел да го направат овој политичар херој, ќе беше добро да ја разгледаат неговата политичка позадина и злосторствата за кои се терети.
Медиумите од Балканот, но и светските медиуми на големо пишуваа за црните случувања, во чии спроведувачи се спомнуваше токму неговото име. Најшокантен беше извештајот од 2010-та година.
Косовскиот премиер Хашим Тачи предводел организација што се занимавала со трговија со човечки органи, дрога и оружје“. Згрозувачката вест е содржана во извештај на Советот на Европа составен од специјалниот известувач Дик Марти, кој две и пол години водел истрага за тврдењата за шверц со човечки органи земани од лица киднапирани од ОВК и илегално чувани на разни локации во Албанија во периодот од 1999 до 2000 година. Извештајот од 27 страници, во којшто Тачи е именуван 27 пати, беше претставен и пред Правниот и пред Комитетот за човекови права на Советот за Европа во Стразбур.
Авторите на извештајот наведуваат дека илегалната треговија со човечки органи ја вршела таканаречената група "Дреница", со којашто раководел Хашим Тачи. Групата која била дел од ОВК организирала тајни затвори на територијата на Албанија, во кои преку косовско-албанската граница биле префрлани киднапирани лица, Срби и Албанци, главно од јужните делови на Косово. Марти открива дека луѓето биле убивани само за да се извадат здравите бубрези. Тоа се правело во импровизирани болници по селски куќи, а се посочува една во реонот на Фуса Круја во близина на аеродоромот во Тирана, која била одбрана заради полесно и побрзо префрлање на органите во странство, најчесто во Русија, Молдавија, Турција и Казахстан.
Лондонски Гардијан објавува дека во извештајот на Марти пишува: "Кога хирурзите биле подготвени за трансплантација, затворениците поединечно биле изведувани од безбедните куќи. Ги убивал припадник на ОВК, а телата итно биле пренесувани на клиника за операција". Меѓу лицата обвинети за трговија со човечки органи е и историската личност на ОВК, Шаип Муја, хирург и сега советник во кабинетот на косовскиот министер за здравство, за кого што, според извештајот на Марти, постојат соменавања и показатели дека цели десет години бил вклучен во оваа трговија.
Според Марти за оваа активност знаеле меѓународните власти на Косово, но не презеле ништо. За сведоците, рече, молчеле, зашто биле исплашени или подмитени. Во извештајот се наведува дека ваквите активности продолжиле и до денес, но во различна форма. Марти уште открива дека Хашим Тачи и групата од Дреница ја контролираат трговијата со хероин од пред десет години, а службите на НАТО сметаат дека тој е многу опасен кум на мафијата на ОВК.
Хашим Тачи не тужел новинари, ама жестоко и со аргументи се поврзува со масакри и трговија со органи.
Курир
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа