Св. Маченица Татјана - пострадала за Христа

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари.

Денеска е Св. маченица Татјана.

Света Татјана потекнувала од видно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим.

Уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса. Како христијанка била забележана од римските власти, затворена и мачена.

После измачувањата била фрлена на лавовите, но овие се умилкувале околу неа како во времето кога животните живееја во мир со Адама. Најпосле и ја отсекле главата. Света Татјана пострада за Христа во третиот век.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега