Тмурна недела - ќе се спасиме ли од дождот денеска?

Во текот на ноќта и во раните утрински часови преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на некои повисоки места од дожд и снег,  на планините повремен снег. Врнежите се повеќе застапени во западните и јужните делови и се со слаб, а на места повремено умерен интензитет. Дува слаб ветер од северен правец. 

Денеска ќе преовладува  претежно облачно време со  повремени локални врнежи од дожд,  на некои повисоки места од дожд и  снег, а на планините со повремен снег. Претпладнево врнежите ќе бидат со слаб а повремено умерен интензитет и повеќе застапени во западните и јужните подрачја. Попладне врнежите постепено  ќе престануваат.  Ќе дува умерен северен ветер, особено попладне  од каде ќе има прилив на постуден воздух од север и ќе има постепено опаѓање на температурата на воздухот.

 Највисоката температура во земјава ќе достигне од 4 до 10 степени.

 

Во скопското подрачје претежно облачно со слаб локален дожд и умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 6 степени.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега