ЕКСКЛУЗИВНО: Меѓународната финансиска зона на местото на касарната Илинден?

Меѓународната финансиска зона ќе никне на местотот на касарната Илинден, доззнава Пресс24 од неофицијални извори откако вчера премиерот Груевски обелодени дека зоната ќе се наоѓа среде Скопје

- Нашата идеја е да направиме една меѓународна финансиска зона во сред град, во Скопје, тоа ќе бидат канцеларии во некои 10-20 хектари ... згради, канцеларии во кои ќе привлечеме да дојдат, меѓународни финансиски институции, како банки, осигурителни друштва, Хеџ фондови, инвестициски фондови, да ги отворат тука нивните хедквортери, нивните главни канцеларии. Две работи треба да им бидат сериозен магнет. Едната е: Во зоната да важат закони коишто важат во најкредибилните земји каде што одат финансиите, како Англија, Луксембург и слично. Втората е да има ниски даноци. Еве, упростено кажано, англиски закони со многу ниски даноци. Оти во Англија имаат многу високи даноци - рече Груевски.

Слободната финансиска зона е предвидена со новите измени на Уставот

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега