Дождот направи проблеми - сообраќај по една лента на мостот меѓу Штип и Радовиш
Сообраќајот на мостот на патниот правец Штип – Радовиш се одвива по една коловозна лента поради врнежите од дожд во источна Македонија кои предизвикаа излевање на водотеците, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Превентивно е затворен патниот правец Штип – Неготино поради надојдените води од реката Крива Лакавица.
АМСМ информира дека сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози.
Поради магла намалена е видливоста до 50 метри на патните правци кон Маврово и Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа