Груевски: Македонија има трет најголем раст во Европа и умерен јавен долг

Република Македонија е примамлива за инвеститорите затоа што има најниски даноци, а високо-образована работна сила. Таа комбинација ги прави потенцијалните инвеститори многу задоволни од понудата.

Ова го истакна вечерва премиерот Никола Груевски во своето гостување на Сител3 во емисијата на Јанко Илкоски.

Тој објасни дека освен овие два фактори, за инвеститорите е речиси најважен растот на економијата.

-Македонија и во 2013-та и 2014-та има трет најголем раст на БДП во Европа.  Имаме 3,9 раст од првите три квартали. Имаме макроекономска стабилност. Македонија има релативно умерен државен долг, рече Груевски.

Тој додаде дека конкуренцијата ќе ги зголеми и платите. Кога во земјава ќе пристигнат повеќе инвеститори кои бараат работна сила, понудената плата ќе расте пропорционално со бројот на новоотворени работни места.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега