ДЗС ја следи состојбата по обилните врнежи и е присутна на терен

Дирекцијата за заштита и спасување, со своите вработени, поради обилните врнежи низ Република Македонија постојано е на терен и учествува во справувањето со настанатите состојби.

Како што се наведува во соопштението, Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата во Републиката, со постојан контакт со локалната самоуправа и е подговена во случај да има потреба активира механизација за отстранување на последиците од врнежите.

На терен се и екипите на EVN Македонија. Од компанијата велат дека засега нема посериозни проблеми со електродистрибутивната мрежа во регионите кои беа погодени од невремето. Од EVN додаваат дека сепак во текот на ноќта ќе останат во погодените региони за да обезбедуваат непрекинато снабдување на електрична енергија. 

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега