Пороен дожд и грмежи: Големото невреме напави хаос во гевгелиско

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд и град, што почна синоќа и се уште трае во пределот на планината Кожуф и населените места Миравци, Милетково и Моин, предизвика големи сообраќајни проблеми, соопшти Зоран Лазаревски од гевгелискиот Центар за управување со кризи.

- Излевањето на водата од Серавска река предизвика прекин на сообраќајот на патниот правец Миравци-Милетково, поради што сообраќајот кон Гевгелија е пренасочен преку Удово. Освен штета на околните земјоделски посеви други материјални штети до сега нема, изјави Лазаревски, кој додаде дека отежнато се одвива и сообраќајот од Гевгелија кон Моин поради излевање на Конска река која почна да се повлекува во коритото.

Надојдената вода на Сува река ја поплави пречистителната станица што се гради на реката Вардар.

Според Лазаревски, механизацијата е на терен и прави заштитен насип на пречистителната станица.

- Нивото на водата се уште е високо, но ситуацијата се следи и доколку се наложи ќе бидат преземени вонредни заштитни мерки, рече Лазаревски.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега