Во прекин железничкиот сообраќај Демир Капија - Гевгелија

Во прекин е железничкиот сообраќај Демир Капија - Гевгелија поради прекин во железничката пруга како последица на обилните дождови кои го зафатија Демиркаписко, информира Тихомир Каранфилов од одделението за односи со јавноста при Центарот за управување со кризи.

- Според она што го имаме како информација засега, поплавени се и подрумски простории во Специјалниот завод во Демир Капија. Се работи на отстранување на водата. Поради излевање на реката Бошавица на едно место е скинат заштитниот насип на улицата Партизанска која е полна со вода па се  работи и  таму на поправка на насипот, нагласува Каранфилов.

Според него, на терен се екипи кои ги констатираат штетите и дали има поплавени куќи. Се работи на отстранување на последиците. 

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега