Грижата продолжува: Над 7 милиони евра отпишани долгови досега

Вкупно 427 милиони денари или над седум милиони евра е износот на досега еднократно отпишаните долгови. Реализирани се 4.670 барања од кои преку 90 проценти на лица приматели на социјална помош. Ова денеска на прес-конференција го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

- Досегашната реализација на проектот се одвива задоволително, постигнат е добар прогрес, сите барања што се стигнати до Комисијата се обработени со исклучок на 2.700 кои беа некомплетни и за кои е побарано од апликантите да ги докомплетираат, истакна Ставрески и додаде дека се работи за сложен проект.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов напомена дека Владата вложува максимален напор за да им помогне на најзагрозените граѓани. Досега за отпис на долгови се поднесени вкупно 41.765 барања, а за нивно решавање се формирани три комисии и посебна техничка служба.

Најголем број на донесени одлуки, 895, и износ на отпишан долг, 155,7 милиони денари, се од Скопје. 

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 12:31
Фото: 
миа.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега