Секој полнолетен Македонец отиде 50 евра минус на картичка

Доколку секој полнолетен Македонец има можност да оди неколку плативо минус, според статистиката, секој и должи на банката околу 50 евра. Минусното салдо на тековните сметки создадено со пречекорување на платата лани достигна 86,7 милиони евра, пишува Капитал. Според истиот извор,  за една година сумата пораснала за 4,1%.

Тоа покажува дека граѓаните се повеќе посегнуваат по минусот на картичките како наједноставен но и еден од најскапите начини на финансирање. Просечната камата на негативното салдо на тековните сметки во ноември лани изнесуваше 9,3%.

Сепак, треба да се има предвид дека не секој граѓанин има можност да се отиде неколку плати во минус, а меѓу полнолетните има невработени и околу 300.000 пензионери од кои најголем дел немаат можност да одат во минус па сумата по глава на жител е значително повисока. 

Ако на оваа сума се додадат и потрошувачките кредити во вредност од 763 милиони евра и задолженоста на кредитните картички од 201,5 милиони евра, произлегува дека граѓаните им должат на банките 1,058 милијарди евра од кредити за тековни потреби.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега