Телеграма со сочувство од Тодоров по смртта на претседателот на Македонското лекарско друштво

Министерот за здравство Никола Тодоров по повод смртта на претседателот на Македонското лекарско друштво, проф. д-р Јован Тофоски денеска упати телеграма со сочувство до неговото семејство.

- Со длабока тага ја примивме веста за смртта на проф. д-р Јован Тофоски, кој даде голем придонес за здравството и научната мисла во Република Македонија како поранешен министер за здравство, долгогодишен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, директор на Клиниката за гинекологија и акушерство и претседател на Здружението на гинеколози и опстетричари на Македонија. Воедно, тој е носител на повеќе признанија во областа на здравството и медицината, како и на највисокото, на Македонско лекарско друштво - повелбата „Трифун Пановски”, стои во телеграмата.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега