Корисниците на општествени станови да се изјаснат до 31-ви март

 

Корисниците на општествени станови, лицата со ниски примања кои имаат договори за закуп до 2006-та година и дивовселените лица, најдоцна до 31- март треба да достават барање за откуп или закуп на станот.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов одржаа состанок со раководителите на подрачните единици во врска со измените во Закон за домување.

Во текот на следниов месец, на сите наведени лица ќе им се укаже можност да го откупат станот во кој сега живеат или да направат договор за закуп.

-Законот за домување е стапен на сила на 7-ми јануари. Барањата можат да се доставуваат најдоцна до 3-ти март и за откуп и за закуп на станот. Сите корисници ќе бидат посетени, ќе им се презентираат измените во законот и ќе бидат информирани како да го достават барањето. Граѓаните треба да достават само барање во предвидениот рок, а целата останата документација ќе биде средена по службена должност, рече министерот Јанакиески по денешниот состанок.

Екипите на терен ќе работат двосменски за да можат да се посетат сите општественистановистановите со договор за закуп до 2006-та година и дивовселените станови.

-Апелирам поскоро да биде комплетирана документацијата. Подрачните единици на Акционерското друштво ќе работат од 8:30 часот наутро до 19:00 часот, за да можат да се посетат сите, а некои од нив работат до 16 или 17 часот. Теренска контрола ќе има и во сабота и недела, рече директорот Грозданов.

Тимовите на терен излегуваат веќе во понеделник. Ако корисниците на општествените станови не поднесат барање за откуп или закуп до предвидениот рок, кој досега неколку пати се продолжуваше, ќе им биде одземено правото.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега