Се реновирана црквата „Св.Атанасиј“ во Неготино

Во Неготино во тек е реновирањето на  црквата „Свети Атанасиј” која постои од 1837 година. Реновиран е внатрешниот дел, сменети се прозорците и фасадата, а во моментот се цртаат фреските. Ќе се постави и нов иконостас кој е во изработка.

- Со благослов на неговото високо преосвештенство-митрополитот Повардарски господин Агатангел,  после повеќе од 3 децении комплетно се реконстриура црквата „Свети Атанасиј“ во Неготино. Работите започнаа во мај и   се одвиваат со финансиски средства обезбедени од Повардарската епархија, донации од фирми и граѓани, вели за МИА, отец Сарафче Иванов. 

Отец Иванов појаснува дека досега се завршени работите на надворешниот дел и тоа комплетно е променета кровната конструкција со поставена изолација, поставена е нова фасада на целиот објект,  заменета е и  целата столарија. Во вантрешниот дел, информира, извршено е малтерисување и глетување, заменета е старата и дотраена и поставена нова електрична инсталација, поставено е  и парно греење. Фрескоживопишувањето  го изведуваат зоографи од тајфата Александарски од Велес.

Комплетното внатрешно и надворешно реновирање се очекува да заврши крајот на годинава, а дотогаш богослужбите ќе се извршуваат во манастирот „Свети Ѓорѓи“.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега