Иванов на средба со дипломатскиот кор во Крушево

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Крушево ќе приреди прием за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Македонија.

- На дипломатскиот прием, кој традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божиќните празници, ќе се обратат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Стефано Лазарото, соопшти денеска Кабинетот на претседателот Иванов.

Оттамму посочуваат дека согласно воспоставената практика дипломатскиот прием да се одржува надвор од главниот град, годинава, дипломатите ќе имаат можност да се запознаат со економските и културните карактеристики на општина Крушево.

Според програмата утре во претпладневните часови е предвидено да се одржи презентација за Крушево, од страна на градоначалникот на општината Ѓорги Дамчевски, како и презентација на проектот „Македоника“ на Фондацијата за негување на македонското културно наследство МАКЕДОНИКА.

Македонскиот претседател и членовите на дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија ќе ја посетат Спомен куќата на Тоше Проески, Споменикот „Илинден“ и Галеријата „Никола Мартиновски“.

Традиционалниот прием по повод новогодишните и божиќните празници за членовите на дипломатскиот кор во 2014 година беше приреден во Гевгелија, во 2013 година во Берово, додека во 2012 година во Битола.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега