Конечно паднаа маските - СДСМ и официјално застана зад штрајкот на СОНК
Неуспешниот штрајк на Јаким Неделков и СОНК има единствено политичка конотација. Ова и официјално се потврди откако синоќа најголемата опозициска партија СДСМ и официјално застана зад штрајкот на овој синдикат, кој инаку доживеа целосен дебакл
СДСМ од Струга вчера излезе со соопштение во кое дава поддршка за штрајкот на СОНК и Јаким Неделков.
-Наставниците и професорите имаат уставно загарантирано право на штрајк. Законските измени имаа единствена цел, а тоа е заплашување и уценување на просветните работници. Очигледно, во Струга најголем дел од нив не подлегнаа на притисоците и заканите што ги добиваат во многубројните лични јавувања од страна на директорите. Во струшките училишта стравот е победен. Ние целосно ги поддржуваме нивните барања. Не може екстерното тестирање да биде критериум за парична казна, а кога власта може да троши пари за споменици, за камен и мермер, тогаш може да им ја зголеми и платата на вработените и да им ги подобри условите за работа. На крајот, ги повикувам директорите да прекинат со притисоците зошто го кршат уставот и поради тоа ќе одговараат, вели претседателот на СДСМ од Струга, Даме Ложанкоски, пренесе Курир.
Дополнително, штрајкот на СОНК се разобличува ако се земе во предвид дека единствено само Струмица и Куманово, општини кои се ракоодени до опозицијата, дадоа поддршка за истиот. Во сите други општини, наставата тече редовно без никакви пречки.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа