Каракамишева: СДСМ делува хаотично, а „хејтерите “ удираат по жени

 

Во емисијата „Поента“ на Радио Слободна Македонија, професорката Каракамишева денес говореше за однесувањето на опозицијата надвор од парламентот, како и за злоупотребата на социјалните мрежи.

Во однос на однесувањето на опозицијата, Каркамишева вели дека нејзиното хаотично делување е сериозен проблем со кој се обидува да се справи и меѓународната заедница. Таа во неколку наврати ги потсети дека ефикасната демократија се остварува преку институциите на системот, дека местото на опозицијата и е внатре во Собранието во број кое е еднаков на волјата на избирачите, дека ниту бојкотот, ниту улицата не можат да и заменат ефикасните механизми кои ги нуди парламентарната демократија, вели Каракамишева.

-Цврстиот став на опозицијата дека не се враќа во Собранието додека не се исполнат нејзините пет ултимтивни барања е став кој ниту еден конструктивен фактор надвор и дома не може да го разбере на сериозен начин, бидејки нема сериозна издржаност, додаде професор Каракамишева.

Обични хејтери кои најсилно знаат да удрат по припадничките на женскиот пол. Онака „машки“ со целиот свој кодошко-шупелски капацитет. Жално и Тажно, вели професор Тања Каракамишева во емисијата „Поента“.

Каракамишева акцентот на денешната емисија го стави на прашањето- каде отиде нивото  и стилот на комуникација на социјалните мрежи.

Менталната магла која ја создава овој виртуелен свет создава нереална слика за сопствените вистински вредности, создава интернет „ херои“ и „славни“ колумнисти.

-А, всушност , реалноста ги треска од земја и ги враќа таму каде што реално припаѓаат со сета жестина на вистината, кои се и што се, вели таа.

 

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега