По дебаклот, СОНК и Неделков со силни притисоци кон наставниците

Јаким Неделков не може да се соочи со дебаклот кој го доживеа вчера кога наставниците од цела Македонија му покажаа дека децата за нив се поважни отколку неговата лична амбиција. Затоа денес, како што дознаваме, врз наставниците од повеќе училишта ширум Македонија се врши голем притисок од страна на СОНК за  да штрајкуваат.

Тие добиваат наредби да не ги примаат децата на часови и да ги враќаат дома, како и да не држат настава во име на штрајкот.

Ова го покажува демократскиот капацитет на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој според тврдењата на мнозинството членови на СОНК инсистира штрајк поради лични амбиции, а не искрени барања за подобри услови за работа на просветните работници.

Токму поради ова, тој се соочи со револтот на најголем дел од членовите на СОНК, наставници од цела Македонија, кои му порачаа дека нема да дозволат да бидат негови неми послушници во личната битка за уште еден мандат.

Вчерашната слика на терен покажа дека Неделков нема никаква поддршка и дека најголемиот дел од наставниците совесно си ја вршеа својата работна должност, започнувајќи настава од второ полугодие.

Ова беше причина притисокот да се засили. Заканите врз просветните работници биле особено изразени во општините под капа на СДСМ, каде единствено имаше генерален штрајк.

Според информациите од терен, раководството на локалната власт во Струмица и КУманово директно се вклучило во заканите и преку општинските служби вршеле притисок врз директорите и наставниците да штрајкуваат и да не одржуваат настава.

Како ова да не беше доволен притисок врз вработените, не помалку ангажирани во заканите кон наставниците беа и членови на раководството на СОНК. Тие им се заканувале на сите оние кои нема да штрајкуваат дека ќе бидат исклучени од Синдикалната организација и дека никој никогаш нема да застане за нивна заштита.

Јаким Неделков не може да се соочи со фактот дека тој ја има загубено поддршката меѓу колегите што значи дека следниот 5-годишен мандат му виси на “стаклени нозе“.

Кој штрајкуваше?

 

Од вчерашниот ден се гледа дека Неделков не доби поддршка од наставниците, туку само од две општини кои се под контрола на опозициската партија и таа поддршка има единствено политичка конотација.

Вчерашната состојба низ училиштата ширум Македонија, јасно покажа дека наставниците не го поддржуваат штрајкот и останаа на своите работни места вршејќи ја својата работна должност и покажувајќи дека нивни најголем интерес се децата.  На овој начин дополнително се нарушува неговиот кредибилитет во СОНК, бидејќи неговиот пристап не даде резултати. Членови на СОНК од цела Македонија изминативе денови истакнаа дека не го поддржуваат штрајкот и дека тоа е лична агенда на Неделков во пресрет на изборите во СОНК од која немаат интерес наставниците, ниту уцениците и родителите.

Наставниците од општините чиј градоначалник е од СДСМ паднаа под притисокот и влегоа во генерален штрајк. Станува збор за само две општини.

 

Во останатите градови, немаше генерален штрајк.

Од вкупно 21 средно училиште во Скопје, во 14 немаше никаков штрајк и наставата се одвиваше без никаков проблем.  Во шест училишта имаше делумен штрајк.

Целосен штрајк има само во „Зеф Љуш Марку“.

Во општина Охрид има 13 училишта со 734 вработени. Од нив штрајкуваа само двајца наставници.

Од 1021 вработен во 16 училишта во Прилеп, не штрајкуваше ниту еден.

Во Штип имаше најава за штрајк на 7 наставници. Но, и тие се откажаа. Па така, во Штип беа на работа 762 вработени од 11 училишта.

Во Битола штрајкуваа 50-тина од вкупно 1397 вработени низ 19 училишта.

Ниту еден вработен во училиштата во Кавадарци, вчера не штрајкуваше. Сите 591 вработен од 10 училишта беа на работното место.

Само еден вработен штрајкуваше во Валандово. Останатите 275 вработени во 3 училишта си беа на работното место.

Ниту еден наставник не излезе на штрајк во Виница, Пехчево, Гевгелија, Радовиш, Неготино, Свети Николе, Кривогаштани, Дебар, Желино, Крушево, Липково, Пласница, Врапчиште, Берово, Пробиштип, Босилево, Василево, Новаци, Демир Капија, Сопиште.

Во Крива Паланка штрајкуваа само 3 наставници, во Дојран само 2.

Јаким Неделков и СОНК немаат поддршка од наставниците ширум Македонија. Вчера беа директно соочени со сликата од терен која им покажа дека во личната битка за амбиции ќе останат сами.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега