Денеска 14 степени - што ќе се случува со времето?

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, на планините со слаб снег. По котлините ќе има магла и ниска облачност, а во некои котлини со намалена видливост. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од четири до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко, претпладне со магла и ниска облачност.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до седум степени.

До утре ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд, а на планините слаб снег. По котлините ќе има појава на магла.

 

 

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега