Пред да патувате задолжително прочитајте ја оваа вест

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

Во цела Македонија се бележат слаби врнежи од дожд, а магла со видливост од 30 до 50 метри има кај Крива Паланка, Стража и Ресен, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега