Фрлањето на крстот не е христијански

Фрлањето на крстот е преземено од грчките обичаи, исто како што презедовме и некои други обичаи што воопшто не ни се својствени, како што се палењето бадник или колењето курбан, вели Таковски Нововоспоставената традиција фрлање на светиот крст во вода на празникот Богојавление воопшто не е во согласност со христијанските традиции и не треба да се прави, вели теологот Јован Таковски, професор по догматика на Богословскиот факултет на МПЦ „Свети Климент Охридски“.

Зошто сметате дека ова е спротивно на христијанските канони?

- Овој обичај не е христијански, не е православен. Тој е преземен од грчките обичаи, исто како што презедовме и некои други обичаи што воопшто не ни се својствени, како што се палењето бадник или колењето курбан. Ваков обичај се појави во Грција кон крајот на 19 век, во периодот кога Грчката православна црква беше во најголема духовна криза. Оттаму се прошири и кај нас. Имаше обид да се прошири и во Русија, но таму го спречија. Тој воопшто не се практикува во најголемиот дел од православните земји. Се прави само во Грција, кај нас и во поново време во Србија, но пак под грчко влијание. Во другите православни земји се прославува така како што треба, само со светење вода. На Света Гора, на пример, монасите само го спуштат крстот во водата за да ја осветат и ништо повеќе.

Целиот разговор со професорот Таковски прочитајте го во Дневник

 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега