ФОТО: Позната водителка добива смртни закани

На познатата хрватска радио и телевизиска водителка и се закануваат со ликвидација и со поставување на бомби и ја нарекуваат со навредливи имиња само затоа што коментирала околу улогата на дијаспората во изборот на претседатлката на Хрватска.

Татјана Јуриќ (32), позната хрватска радио и телевизиска водителка, минува низ вистински пекол во последните неколку дена само затоа што на социјалната мрежа "Facebook" кажала што мисли околу учеството на дијаспората на претседателските избори во Хрватска и улогата во победата на Колинда Грабар - Китаровиќ

tatjana barsun cijela

На нејзиниот профил на "Facebook"  веќе добила над 700 заканувачки пораки во кои и се закануваат со ликвидација, насилство, ја навредуваат и ја нарекуваат со погрдни имиња.

 

Смртните закани одат дотаму што одредени лица напишале дека ќе и постават бомба под автомобилот. Покрај тоа ја наркуваат к**ва, ку*ка, смдрливо ѓубре и други навредливи имиња.

smrtni-zakani-za-hrvatska-voditelka-220268

“Ке те заколеме к**во четничка“, “ пи**о комунистичка“, “гори во пеколот, српско комунистичко гомно“, “ку**о исфрустрирана дијаспората ти овозможи леб да јадеш а акот тие тоа проблем сели се во Белград“, “ не доаѓај во Херцеговина ќе те претеме“ се само дел од заканите и пораките кои таа ги доби неколку часа по победата на кандидатот на ХДЗ.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега