Успешен старт на второто полугодие од учебната година и во Велес

Второто полугодие од учебната година денеска успешно започна и во општина Велес, каде наставата се одвиваше во целост и сите професори беа на своите работни места.

- Во средното општинско училиште „Кочо Рацин“ второто полугодие започна успешно. Наставата се одвива во целост според наставниот план и според распоредот на часовите и сите професори се на настава, посочи директорот на гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес, Саше Андреевски.

Тој додaде дека во нивното училиште воопшто немало најава за штрајк.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега