Донација за Детската клиника за белодробни заболувања

 

 Ротари клубот Скопје денеска официјално ќе и го предаде апаратот „бакталерт“ на Детската болница за белодробни заболувања во Козле. Станува збор за апарат со автоматизиран систем за хемокултури кој овозможува истовремена работа на примероци од болни деца со фебрилни и септични состојби и заболени од туберкулоза.

Реагенсите за овој апарат содржат инактиватори, така што докторите ќе добијат многу брз и точен резултат и за пациентите кои се веќе под терапија. Апаратот е веќе испорачан и инсталиран во Клиниката за белодробни заболувања во Козле.

Хуманитарната донација изнесува околу 15.000 евра, а апаратот претставува најнов модел на производителот Биомерие Франција, кој е најголем производител во светот за автоматизирана микробиологија. Речиси 80 одство од средствата за набавка се обезбедени од Ротари клубот Цирих, Швајцарија, со посредство на Петер Гут, поранешен Специјален пратеник на претседателот на Ротари Интернешнал за зоната за ширење, во која на времето припаѓаше и Македонија. Во проектот, како постојан соработник на Ротари клубот Скопје, со 135.000 денари се вклучи и компанијата Тинекс.

најчитано сега