АНА МИХАЈЛОВСКИ Е БРЕМЕНА: Поради шокот од апсењето има сериозни здравствени проблеми!

Српската водителка Ана Михајловски кој вчера околу четири часот попладне имала проблеми со полицијата и „Паркинг сервисот“, откако се обиделе со пајак да и го однесат возилото е во лоша здравствена состојба.

Иако вчера на лице место на настанот водителката се обидела да им се јави на работниците на „Паркинг сервисот“ и да ги замоли да не и го креваат автомобилот тие воопшто не ја „регистрирале“ и си продолжиле со постапката. Тогаш се повикала на законот според кој не може да се носи автомобилот доколку возачот е присутен и кажала дека ќе ја плати казната само да и го остават автомобилот но тие не сакале ниту да слушнат за тоа.

Како што пренесува српскиот портал Плусоналајн, водителката Ана Михајловски е во блажена состојба и стресот кој го преживеала во полициската станица е нешто најлошо што можело да и се случи во овој миг. Иако им кажала дека е бремена, тие не сакале да ја пуштат туку и понатаму ја задржувале.

Кога видела дека нема да може да излезе на крај со луѓето од Паркинг сервисот и полицијата, Ана во неколку наврати бурно реагирала и поради тоа била приведена.

Како што пренесува порталот водителката е во лоша здравствена состојба поради шокот кој го доживеала откако лекарите кој ја прегледале по пуштањето од полициската станица и кажале дека состојбата со бременоста и е лоша. Ана планира да се консултира со својот адвокат, по што ќе даде изјава за медиумите и ќе ја раскаже својата страна на целата случка.

Извор: Вистина

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега