ФОТО: Страотна сообраќајка во Белград- седумина повредени

Седум лица се повредени во судар на два трамваи утрово околу 9:10 часот на улицата Милентија Поповиќ во Белград.

 

Портпаролот на Брзата помош истакнал дека повредените се префрлени во Ургентниот центар во Белград и дека на лице место двајца лекари ги прегледуваат останатите патници.

 

Возачот на еден од трамавите, маж на возраст од околу 47 години се здобил со тешки повреди на главата и има амнезија, додека возачот на другиот трамвај е жена на 40-годишна возраст која има полесна повреда на главата.

Другите патници најмногу се пожалиле на повреди во грбот и колената.

 

Како што јавува српки Блиц трамваите и скршеното стакло се отстранети од улицата и сообраќајот се одвива нормално.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега