Две години затвор за новинарот Кежаровски

Новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затвор за откривање идентитет на заштитен сведок, ова го соопшти Основниот суд Скопје 1

Со првостепената пресуда новинарот Кежаровски беше казнет со четири и  пол години, а сега со двојно помалата казна практично до некаде му се покрива притворот. Тој првично зад решетки, а потоа во домашен, ја брои втората година од која му остануваат само три месеци. Дали сега ќе мора да ги одлежи тие месеци како затворска казна или ќе се најде начин Кежаровски да не оди во затвор, ќе мора да се почека официјалната пресуда на Апелација за да се види одлуката за притворот. Во Основниот суд, со оглед дека е изминато работното време, за утре оставија да соопштат како ќе се постапува околу притворот.

Освен што некои од казните се намалени, има и такви кои се потврдени, но има и делови од првостепената пресуда кои се укинати, како на пример кривичното дело „поткуп“ на судијата Иле Танев и Џими Хофман.

Во процесот Ликвидација беа осудени екс- судијатра Валентин Зафиров на 5 и пол години, обвинителот Ивица Ефремов на четири и  пол години, пензионираниот судија Борис Николовскина една година, Јане Павловски на една и пол година, екс- судија Сашко Лазаров со една година и Џими Хофман со една и  пол година.

Во соопштението на судот, објавено пред малку се наведуваат казните одредени од повисокито суд:

На обвинетиот Иле Танев му утврдил единствена казна затвор во траење од 1 години и 6 месеци затвор.нОбвинетиот Валентин Зафиров му утврди казна во траење од 2 години и 6 месеци затвор. Обвинетиот Томислав Кежаровску му утврди единствена каза во траење од 2 години затвор. Обвинетиот Ивица Ефремов му утврди единствена казна во траење од 3 години затвор. Обвинетиот Борис Николовски му утврди алтернативна мерка Условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку истиот во следните 3 години не стори ново кривично дело Обвинетиот Сашо Лазаревски му утврди алтернативна мерка Условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку истиот во следните 3 години не стори ново кривично дело

Воедно Апелациониот суд, ги уважи жалбите на обвинетите Иле Танев и Сабедин Џими Хофман за крвичното дело Примање поткуп од член 357 од КЗ така што предметот го врати на повторно постапување и одлучување само во овој дел.
 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега