ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не инвестираше ниту денар во образованието

СДСМ, кој не инвестираше ниту денар во образованието и не спроведе ниту една единствена реформа, денес  создава вештачка тензија за де спречи суштински реформи за  подобрување на образовниот систем, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на опозициската партија. 

Целокупната јавност добро знае дека овие реформи беа најавени пред неколку месеци, а сите високообразовни институции беа повикани конструктивно да се вклучат во јавната дебата која траеше цели три месеци и чиј плод се 20 прифатени сугестии и предлози од општествените чинители. СДСМ доколку сакаше да помогне во креирањето на политиките и реформите за унапредување на квалитетот на високото образование, можea да го сторат тоа со присуство, дебата и конструктивност во Собранието, чијашто работа ја бојкотираат, стои во реакцијата на владејачката партија. 

- Маглата која ја сееше СДСМ се тргна. Јавноста, а особено професорите и студентите, сфатија дека овие реформи се со намера да го издигнат нашиот систем на ниво на европскиот, нашите студенти да имаат квалитетни знаења на европско ниво од областа која ја студираат, а наставничкиот кадар да биде компетитивен со нивните странски колеги, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега