ФОТО: Градоначалникот Трајановски на средба со делегација НАТО

 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски,  претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и Секретарот на Град Скопје, Гордана Клинчарова, денеска во Собранието на Република Македонија имаа средба со делегацијата на Комисијата за цивилна димензија  на безбедноста, Парламентарно Собрание на НАТО.

-Град Скопје  активно работи на оваа проблематика, односно на кризниот менаџмент и значајно е да се напомене дека е формиран и функционира Градски штаб за заштита и спасување, при што нејзин командант е градоначалник на Град Скопје и е составен од началник и помошници на началникот. Овој Штаб работи врз основа на Законот за заштита и спасување и со него се опфатени и јавните претпријатија, како и Бригадата запротивпожарна заштита на Град Скопје. Градот Скопје од 2012 година  е и член на меѓународната организација (CTIF) ЦТИФ(интернационална организација за пожари и заштита и спасување) која дејствува во областа на заштитата и спасувањето и преку која во иднина ќе се врши едукација и дообука на кадри од областа на заштитата и спасувањето. На повисоко ниво е и соработката со збратимените градови на Град Скопје при што досега во повеќе наврати беше доделена техничка и едукативна помош .Согласно со Законот за заштита и спасување направен   и донесен од Советот на Град Скопје е и План за заштита и спасување,и е направена проценка на ризиците.Град Скопје како посебна единица на локалната самоуправа има одредени права и должности кои се однесуваат на заштитата и спасувањето, особено на територијата на Градот Скопје, а Скопскиот регион опфаќа вкупно 18 општини,  коишто произлегуваат од Законот за заштита и спасување

- истакна градоначалникот Трајановски.

најчитано сега