Гласовите од дијаспората клучни за победата на Грабар-Китаровиќ

Новата претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ извојува тесна победа на вториот круг од претседателските избори. Oд дијаспората таа освои 91,11 отсто од гласовите, додека нејзиниот политички противник Иво Јосиповиќ освои 8,89 отсто од гласовите.

Хрватските медиуми и аналитичари коментираат дека пресудна за победата на Грабар-Китаровиќ во вториот круг беше излезноста, според некои рекордна, но пред се и гласовите од дијаспората, најмногу од БиХ и Германија. Во вкупно 50 држави надвор од Хрватска во 92 избирачки места на гласање излегле 37.028 извбирачи од кои 33.737 го дале гласот за Китаровиќ, а само 3.291 за Јосиповиќ.

Китаровиќ во Хрватска добила 1.080.969 гласови или 50,04 посто, досека Иво Јосиповиќ освои 1.079.123 гласови или 49,96 осто од гласовите. Ако се одземат гласовите кои Колинда Грабар-Китаровиќ и Иво Јосиповиќ ги добиле од дијаспората, Колинда повторно би била победник, но со многу помала предност пред Јосиповиќ, односно 0,08% или околу 1.800 гласови.

Очигледно е дека Хрватите подеднакво ги ценат гласовите и на дијаспората и на граѓаните кои живеат во Хрватска. Секој глас вреди исто без разлика каде граѓанинот гласал, за разлика од кај нас кога за време на претседателски избори во април од страна на опозицијата и медиумите блиски до неа се омаловажуваа гласовите од дијаспората, пред се гласовите од гласачите од Пустец. Пред изборите дури беше побарано гласачи со потекло од Мала Преспа и Пустец да бидат избришани од избирачкиот список.

По изборите, опозициските медиуми излегуваа со написи за изборна измама со „фантомски гласачи“ од Пустец омаловажувајќи ги гласачите надвор од Македонија. За разлика од примерот во Македонија, ниту еден хрватски медиум на излезе со написи во кои се омаловажува гласот на Хрватите од дијаспората, туку напротив, беа пренесувани информации за големата заинтересираност на хрватските државјани надвор од државата да го искористат своето право на глас.

„Дијаспората не одлучуваше, а да одлучуваше Колинда ќе победеше со 60 отсто гласови“, „Колинда победи со гласовите од Хрватска, дијаспората шлаг на тортата“, „Така тоа го прави дијаспората: Огромни гужви на избирачките места во БиХ, сите сакаат само едно, беа дел од насловите на хрватските медиуми.  Ниту хрватските медиуми, ниту пак од поразениот табор на Иво Јосиповиќ причината за тесниот пораз не ја побараа во гласовите од дијаспората која убедливо застана на страната не новата хрватска претседателка. 

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега