Голем интерес кај граѓаните уште од првиот ден за Канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ во МФ

Голем интерес кај граѓаните уште од првиот ден за Канцеларијата „Купи куќа, купи стан“. Уште од 10 часот Министерството за финансии прима посетители заинтересирани за овој проект.

-Канцеларијата, која е во рамки на Министерството за финансии, работи секој ден од 10 до 15 часот. Во неа граѓаните можат да добијат информација како до субвенција од Владата за станбен кредит, која може да достигне до 14.000 евра неповратни средства, каде има станови до 900 евра за метар квадратен, каде има плацеви за изградба на куќа. Канцеларијата има за цел максимално да ја поедностави постапката и граѓаните најбрзо да дојдат до сопствен дом, велат од Министерството за финансии.

Проектот „Купи куќа, купи стан“ е наменет за граѓаните кои го немаат решено станбеното прашање.

Владата преку исплата на 50 или 75 отсто од ратата или учеството на станбениот кредит, им помага на граѓаните да го решат ова животно прашање.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 12:59
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега