Иванов побара поддршка од колегите за евронтеграцијата на Македонија

 

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов побара поддршка за евроинтграцијата на Македонија на средбите што ги имаше денеска на маргините на Самитот на шефови на држави од Централна Европа во Братислава.

На средбата со словенечкиот претседател Борут Пахор, претседателот Иванов изразил очекување дека Словенија, како и досега, ќе го поддржи добивањето датум за преговори и да го афирмира на Европскиот совет принципот на паралелено движење кој оваа земја го примени кон Хрватска и даде резултати.

На средбата биле потврдени добрите билатерални односи и е договорена возвратна официјална посета на Пахор на Македонија наредниот месец.

Централна тема евроинтеграциите на Македонија била и на средбата со литванската претседателка Далија Грабаускајте. На средбата Иванов побарал од европските лидери она што одамна е заслужено да биде добиено на претстојниот самит и еднакво да бидат применети принципите на паралелено движење и ја информирал дека статус кво состојбата не носи ништо добро за регионот.

Со својот украински колега Виктор Јанукович, е констатирано дека Македонија и Украина имаат традиционално одлични  билатерални односи и соработка и разбирање. Биле истакнати заложби за продолжување на поддршката на мултилатерален план.

Јанукович и Иванов договориле посети на највисоко ниво на што треба да претходи средба на Македонско-украинската комисија за трговско-економска соработка и Мешовитиот комитет за имплементација на Спогодата за слободна трговија со цел посетите да се подготват и да се конкретизира соработката.

Јанукович ја поздравил посветеноста на македонскиот претседател кон јакнење на соработката и односи со Украина.

Претседателот Иванов на маргините на Самитот во Братислава, кој заврши денеска, оствари билатерални средби и со црногорскиот, полскиот и молдавскиот претсдател.

најчитано сега