„ Макрото ме тепаше зошто не сакав секс во тројка“

-Михајло го запознав во 2008 година во еден ноќен клуб и кога почнав да работам за него поминав низ вистински пекол. Ми ветуваше кули градови, а кога му соопштив дека ја напуштам проституцијата, морав да му исплатам 20.000 евра - вели за српски Курир Тамара чие презиме не се открива, која три години работела за макрото Михајло Максимовиќ.

Кралот на српската елитна проституција е под истрага поради сомнение дека организирал мрежа од неколку десетици девојки меѓу кои се најде и познатата старлета Милица Живановиќ - Мими Оро.

Лажни ветувања

-Во ова влегов пред 5 години зошто ми требаа пари. Михајло го запознав во клубот во кој работев како го-го танчерка. Беше фин и слтакоречив, а изгледаше како добар човек. Ветуваше сешто, тврдеше дека максимално ќе бидам заштитена. Зборуваше дека сум преубава и дека клиентите лудуваат по мене, што ќе ми донесе одлична заработувачка, вели Тамара низ солзи и продолжува:

-Ми покажа фотографии од проститутки кои работат за него. Сите беа убави и делуваше дека се задоволни. Се согласив, по што следуваше вистински пекол. Тој договараше со кој ќе се гледам. Требаше за една вечер да спијам со само еден маж, а се случуваше дека морам да обработам тројца - се потсетува девојката.

Ме кубеше за коса

Тамара објаснува дека договорот бил клиентите сексулано да ги задоволи по секоја цена.

-Меѓутоа тие бараа и орално, ме малтретираа и се изживуваа, а кога ќе поминеше времето не ме пуштаа. Ми удираа шамари зошто сакаа уште. Му се жалев на Михајло, кој не ме заштитуваше, туку ми даваше и помалку пари и ме тепаше, вели Тамара.

Таа тврди дека Максимовиќ и барал пари за да излезе од проституцијата.

-Три години работев за него и тоа ми беа најлошите денови. Ме уценуваше, малтретираше, кубеше за коса, а кога му соопштил дека го напуштам, ми се закануваше и ми зборуваше дека не можам само така да си одам. Ми бараше 20.000 евра. Иако му ги дадов тие пари, сепак едвај се извлеков - вели очајната девојка.

Иѕвезда од „Гранд“ на неговиот список

Еден познат пејач од „Ѕвездите на Гранд“ чие име редакцијата го знае, но не го објавува, бил еден од клиентите на Михајло Максимовиќ. Иако естрадниот уметник е во складен брак, услугите на неговите дами ги користел додека сопругата му била бремена.

Проститутка како заштитен сведок!?

 Полицијата преговара со една од девојките кои работеле за Максимовиќ/ И било понудено да биде сведок - соработник ако открие се што знае за неговиот ланец за елитна проституција на релација Србија - Црна Гора. Таа е веќе сослушана во белградската полиција.

Инаку Михајло Максимовиќ бизнисот го почнал пред 10 години со една жена од Албанија. Полицијата неодамна пронајде лаптоп сп податоци за елитните проститутки. Уапсени се 5 девојки мееѓу кои и старлетата позната како Мими Оро.

Меѓу клиентите се познати спортисти и бизнисмени, а межу проститутките манекенки, водителки и пејачки.

 
 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега