Откриени три нови планети слични на Земјата

 

Пронајдени се три нови планети, со големина слична на Земјата кои придонесуваат кон зголемување на бројот на потенцијално населливи светови. Една од нив има потенцијал да стане планета која е меѓу досегашните откритија најслична на Земјата.

Станува збор за откритие на мисијата на НАСА - Кеплер. Освен три проверени потенцијални за живот, постојат непотврдени траги за уште шест планети потенцијално способни за одржување живот.

- Со секое ново откритие на овие мали, карпести светови, се зајакнува нашата доверба во одредување вистински фреквенции на планети како Земјата. Се ближи денот кога ќе дознаеме колку се чести карпестите планети како Земјата, тврди научникот Даг Кладвел. 

Трите нови светови ја зголемија бројката на потенцијално добрите светови за живот на околу 24, а осум ги откри телескопот Кеплер. Бројката непрекинато се зголемува од откритието на првата егзопланетата во 1992 година.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега