Каменувано седиштето на „Златна зора“ во Атина

 

Група од 50 напаѓачи со камења и други предмети изврши напад врз седиштето на грчката десничарска радикална партија „Златна зора“ во главниот град Атина, јави Ал Џезира Балкан. 

Зад нападот стои група што се претставува како „противници на власта“. Во нападот е предизвикана голема материјална штета на седиштето на „Златна зора“ и на бројни возила паркирани во близина. 

Според првичните информации во нападот нема повредени. 

По нападот групата успеала да избега, но во полициска операција уапсени се околу 30 напаѓачи. 

Задикалната група „Златна зора“ добива се поголема популарност откако грчката Влада почна со спроведување на остри мерки за штедење неопходни за излез од економската криза. 

„Златна зора“ има вкупно 18 пратеници во грчкиот парламент, од кои шест го загубија пратеничкиот имунитет и се наоѓаат во затвор за разни пресуди.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега