Обид за убиство на Бадник: Избоден со нож пред кафич

Непознат напаѓач синоќа со нож го избол 43-годишниот Б.Р. кој со тешки повреди и внатрешни крварења е префрлен во Општата болница во Лесковац.

Инцидентот се случил околу 22:00 часот пред кафичот „Елдорадо“ во центарот на Лесковац откако Б.Р. веднаш по бадниковата вечера излегол во кафичот. Тој е опериран и е во стабилна здравствена состојба.

Причината за нападот се уште не е позната, истрагата е во тек.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега