Шулц: Грција ќе остане во еврозоната

 

Грција ќе остане во еврозоната, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, кој ги смета како шпекулации дебатите околу евентуалното повлекување на земјата од еврозоната, повикувајќи да се почекаат резултатите од предвремените избори кои се закажани за 25 јануари.

Тој истакна дека разговарал со лидерот на грчката партија СИРИЗА, Алексис Ципрас на кого му нагласил дека евентуален едностран прекин на плаќањата на долгот од страна на Грција може да доведе и до прекин на помошта од ЕУ.

Шулц додаде дека изјавите на Ципрас никогаш не предизвикале потрес на берзите, туку само воделе до конфронтации во Брисел и Берлин.

- Нема апсолутно никаква смисла да зборуваме дали еврозоната полесно ќе го прифати евентуалниот излез на Грција, отколку пред три години. Таа е членка на еврозоната и се надевам дека така ќе остане, истакна Шулц.

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега