Над 90% од фирмите исплатиле К15 - никој не се пожалил на злоупотреби

Над 90 отсто од фирмите исплатиле к-15.  Заклучно со 25 декември речиси сите газди за кои важеше оваа законска обврска, на контата на своите вработени исплатиле дополните 8500 денари.  

Имало и такви фирми кои не се дел од општиот колективен договор а сепак исплатиле регрес. Иако во јавноста се шпекулираше дека  некој работодавачи  од вработените барале на рака да им бидат вратени парите, од  ССМ велат  до нив не стигнала ниту една пријава  за злоупотреба на ова работничко право.

„Офицјални пријави освен некои анонимни ретки укажувања немме. Во делот на оние укжаување за околу 140 случаи кои ги имавме можам да кажам дека по нашите активности на терен во тие фирми исплатен е регресот, така што го затворивме процесот без поведувањена тужба. Со оглед на тоа што до 31 декември не сме добиле нитуедна пријава дека не е исплатен К15, сметаме дека обвската е целсоно исполнета“ - вели за Сител Живко Митрески, претседател на ССМ.

Митревски потцети дека месецов почнува и законксата обврска за исплата на минимална плата.

Со мерката исплата на к-15 се опфатени 300 000 вработени во приватниот сектор. Синдикатите и работодавачите лани договорија висината на регресот да изнесува 40 отсто од просечната нето плата по работник исплатена во последните три месеци.

Законската обврска важи од почетокот на минатата година.  Митревски рече дека  годинава ССМ  ќе дадат предлог и компаниите во зоните да формираат синдикални организации каде ќе се преговара за правата на вработените во овие фирми  преку колективно договарање.

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега