Расте наталитетот во дебарско

 

Во првите пет месеци од 2013 година, споредено со истиот период лани, во Дебарско е забележан раст на наталитетот.

Од Гинеколошко-акушерското одделение при Општата болница во Дебар информираат дека се родени 65 бебиња, што е за единаесет повеќе споредено со истиот период лани.

- И бебињата и мајките се во одлична состојба, што за нас, како медицински лица, е најбитно. Се надеваме дека ваквиот тренд ќе продолжи во текот на целата година. Она што сепак посебно треба да се нагласи е фактот што во последните пет години  морталитетот на новроденчињата е еднаков на нула, вели акушерката Зејнеп Шемши.

Во ова одделение, каде што освен од општините Дебар и Центар Жупа, родилки има и од регионот на Долна Река, лани беа родени 160 бебиња, што е за пет бебиња повеќе споредено со 2011 година. Меѓу 160. од лани и  65. во периодот јануари-мај годинава, нема бебе на православни родители.

Во последните две декади забележан беше пад на наталитетот во овој регион. 

најчитано сега