Црногорски газда награди вработени со патување на луксузен брод по Средоземното Море

Четиринаесет најдобри работнички во црногорската фирма за спортска опрема Цакан спорт, добија награда од директорот - ваучер за патување по Средоземното Море со луксузен брод, јавија црногорски медиуми.

Од 9 до 19 јануари тие ќе ги посетат Џенова, Барселона, Марсеј, Тунис, Сицилија, Рим, Венеција и Милано.

Сопственикот на фирмата Радомир Новаковиќ Цакан пред две години неколкумина вработени награди со автомобили.

- Сега не можев да им купам автомобили, но требаше да најдам начин како да им се заблагодарам на луѓето, благодарение на кои нашата компанија работи успешно и имаме позитивна атмосфера во секоја продавница, вели Новаковиќ.

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега