Претседателите во Братислава ќе расправаат за закрепнувањето на Европа

 

Клучните политички, економски, социјални и безбедносни прашања поврзани со закрепнувањето на регионот и цела Европа во посткризниот период се темите на кои денеска ќе ги дискутираат претседателите на 20 држави од Европа на Самитот во Братислава на кој учествува и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Пораката од македонскиот претседател до присутните е секогаш да се користи дијалогот за решавање на отворените прашања, а во своето излагање ќе ги потенцира сите прашања што Македонија ги има согледано и ги застапува во однос на проблемите со кои се соочува ЕУ, пред се  економските кризи.

Централна Европа има потенцијал да одигра позитивна улога во заедничките напори со цел стабилизирање на Европа во посткризниот период. Самитот, според претседателот, е можност со лидерите од целиот овој регион да се искажат ставовите по многу прашања, позициите на Македонија по одредени прашања, а на затворените средби што се одржуваат отворено да се разговара за состојбите во регионот.

Во Братислава на Самитот учествуваат Австрија, Романија,, Црна Гора, Естонија, Хрватска, Украина, Полска, Латвија, Бугарија, Молдавија, Унгарија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Чешка, Косово и Словачка. Ќе присуствува и претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј.

Претседателот Иванов учествува третпат на Самит на шефови на држави и влади на Централна Европа. Првиот самит е одржан во Чешка 1994 година, а Македонија беше домаќин во 2008. 

ФОТО: МИА

најчитано сега