Проверете си ги сметките: До утре по 8500 денари за секој вработен Македонец

Согласно последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството од 31.12.2013 година предвидено е Регрес за годишен одмор во висина од најмалку40% од основицата. Тоа значи дека до утре, на вашите сметки мора да легнат најмалку 8.500 денари.

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината што значи до крајот на годината сите работници кои го исполнуваат условот за регрес на годишен одмор треба да им биде исплатен од страна на работодавачот, во спротивно се пропишани високи казни.

Износот на регресот се утврдува според основицата на платата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

Треба да се нагласи дека регресот за годишен одмор е ПРАВО на работникот, а НЕ можност.Работодавецот треба да донесе одлука само за висината на регресот за годишен одмор,а не и за правото на овие надоместоци.

При состојба кога не е донесена одлука за висината работодавецот има обврска да ги исплати максималните износи предвидени со Колективниот договор на ниво на работодавец.

Доколку не ви биде исплатен регресот за годишен одмор, имате прво да го тужите работодавецот. 

Исто така, редакцијата на Press24 е отворена да ги објави сите работодавци кои не поделиле ререс за годишен одмор или пак оние кои прават злоупотреби и ги принудуваат вработените да им ги вратат парите.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега