Сочувство од ДОМ за смртта на митрополитот Кирил
Демократската обнова на Македонија испрати телеграма со сочувство до архиепископот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан по повод упокојувањето на митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил.
- Владиката Кирил ќе остане забележан во аналите на Македонската православна црква како еден од нејзините реформатори и борец за нејзино возобновување. Пред половина век, во сосема поинакви општествено-политички собитија, тој како вистински интелектуалец, имаше доблест да ја види иднината не само на Светата МПЦ туку и на Македонија како држава. Неговото визионерско дело е вткаено во самата основа на нашата државност и суверенитетот на Република Македонија, што го направи вистински духовен водач и човек од висок авторитет. Затоа неговото заминување во вечноста е загуба не само за МПЦ – Охридска архиепископија и православните верници, туку и за Република Македонија и за секој нејзин граѓанин, се вели во телеграмата од ДОМ.