Иванов до лидерите од ЦЕ: Да се користи дијалогот за решавање на отворените прашања
Преку дијалог секогаш може да се дојде до одредени решенија, а Македонија е активен придонесувач кон секој дијалог во поширокиот регионот, порача македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во своето обраќање пред учесниците на Самитот во Братислава кој се одржува денеска и утре.
- Самитот е извронредна можност со лидерите од целиот овој регион да се искажат нашите ставови по многу прашања, позициите на Макоднија по одредени прашања, а секојпат на затворените средби се разговара отворено за состојбите во регионот. Знаеме дека имаме актуелни настани кои се доближуваат до нашиот регион, а кои го засегаат и нашиот регион, изјави Иванов денеска пред официјалниот почеток на Самитот, на чии маргини се сретна со црногорскиот колега Филип Вујановиќ.
Заедничка констатација на двајцата претседатели е дека билатералните односи може да послужат како пример во регионот.
Претседателот Иванов изрази задоволство од интензитетот на билатералните односи и соработка на политичко ниво и дополни дека недоволно се искористени потенцијалите за посодржинска економска соработка. Иванов беше информиран за актуелните политички и економски состојби во Црна Гора, како и предизвиците со кои се соочуваат во евроатланските процеси. Беа разменети мислења за состојбите во регионот.
Зедничкиот заклучок од средбата е дека регионот има уште отворени прашања и комплицирани односи кои претставуваат пречка во регионалната соработка, но истовремено испраќаат негативна слика за реалноста.
Иванов истакна дека немоќта кај некои балкански лидери иднината на регионот да се стави на преден план час поскоро ќе биде надмината.
На маргините на Самитот претседателот Иванов попладнево ќе се сретне и со претседателите на Полска и Молдавија Бронислав Коморски и Николај Тимовти.
Претседателот Иванов учествува третпат на ваков Самит на кој лидерите разговараат за сите актуелни прашања од Центална Европа и ги искажуваат своите позиции во однос на темата на состанокот.
Утре во своето излагање шефот на македонската држава ќе ги потнцира сите прашања што Македонија ги има согледано и ги застапува во однос на проблемите со кои се соочува ЕУ, пред се економските кризи.