Заев: Очекувам Комисијата брзо да ги расветли настаните од 24. декември

 

-Важно е Комисијата брзо да излезе со свои заклучоци заради мојата политичка партија, заради сите опозициони пратеници, но и за Република Македонија и токму од тој аспект очекувам брзи заклучоци и решенија кои ќе ја нормализираат состојбата во нашата земја, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев за изборот на Борче Давитковски за претседател на Комисијата која треба да ги расветли случувањата во Собранието од 24. декември.

Според Заев, заедничкиот избор на Борче Давитковски, за претседател на комисијата е потврда дека во Македонија се воспоставува политички дијалог.

-Предлогот е заеднички, на претседателот на опозицијата и на претседателот на позицијата, се надеваме дека со својот дигнитет, деканот на правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Борче Давитковски, ќе може да изменаџира да се донесат извештајот и заклучоците од тоа што се случи на 24 декември, смета Заев.

Заев вели дека ова еден исчекор на Македонија кој носи надеж за добивање на датум за преговори со ЕУ.

-Среќен пред се како граѓанин, што придонесовме како опозициона најголема партија во државата во еден исчекор на уште една поголема позитивна надеж за добивање на датум за преговори со Европската Унија, рече Заев,

 

најчитано сега