Бебе повредено во сообраќајката кај Охрид, детали за повредените

 

Осуммина повредени меѓу кои и едно бебе е билансот од вчерашната страшна сообраќајка која се случи кај селото Песочан, на магистралниот пат Охрид-Кичево.

Според најновите информации повеќе лица се тешко повредени од кои две синоќа биле пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Во автомобилот Шкода со охридски таблички повредени се пет лица. Меѓу тешко повредените е бебе кое има потрес на мозокот. Тешко повредени се сопатичката М.Б. (24) од струшко Корошишта, 8-годишно девојче Л.М. од Њу Џерси кое има скршеници на ребрата и машко лице од Њу Џерси кое поради тешките повреди е пренесено во скопските клиники.

Со полесни повреди поминал возачот на „Шкодата“ П.Б. (23) од Корошишта.

Во „Опел Корсата“ со тетовски таблички повредени се три лица. Најтешко повреден е возачот Ц.В. (19) од тетовско Палчиште кој исто така е пренесен на скопските клиники. Со скршеницата на раката се здобил сопатникот Џ.Д. (21) од селото Симичани, Боговиње. Набиеници на главата добил 27-годишниот С.С. од Жеровјане.

slika-5-500

Според последните информации сите повредени се наоѓаат надвор од животна опасност.

Несреќата се случи вчера попладнето кога „Шкодата“ која се движела од Кичево кон Охрид излизгала од патот и преминала на спротивната страна од коловозот, при што дошло до директен судир меѓу двете возила.

За време на полицискиот увид кој траел околу 5 часа немало поголем застој во сообраќајот, бидејќи возилата се пропуштале најизменично.

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега