НАСА бара имиња за пет кратери на Меркур

 

Американската вселенска агенција (НАСА) започна акција за именување на пет кратери на Меркур откриени од американската сонда Месинџер. 

Сондата лансирана во август 2004 година со задача да го истражува Меркур во 2007 година по три прелетувања влезе во стабилна орбита на планетата и на Земјата испрати над 250.000 фотографии.

По повод скорото завршување на мисијата на Месинџер, во акција што трае до 15 јануари, сите заинтересирани низ целиот свет може да учествуваат со давање предлози за имиња на пет кратери на Меркур, пренесува британскиот весник Гардијан.

Изборот на имињата ќе го направи Меѓународната астрономска унија, која ќе ги постави и критериумите за името. Имињата мора да припаѓаат на лица што се починати најмалку три години и чиј придонес во полето на уметноста и хуманитарните науки е признат повеќе од 50 години.

Вселенското летало Месинџер, кое на научниците обезбеди голем број податоци за Меркур, вклучително детална топографија и информации за постоење на лед и органски материи, својата мисија ќе ја заврши кон крајот на март 2015 година кога ќе се спушти на површината на планетата.

 

 

Оцени ја веста

27.12.2014 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега