Нова трагедија ја потресе Македонија - старец се фрли од балкон
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека самоубиство се случило предминатата ноќ околу 4 часот.
72-годишниот В.К. скокнал од балкон на втор кат од станбена зграда на улицата „19 Ноември“.
Неговото безживотно тело било пронајдено на асфалтната патека по што увид извршиле јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина.
На телото не биле пронајдени траги на насилство и по наредба на јавен обвинител тоа е предадено на семејството.
Оцени ја веста
26.12.2014 - 12:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа