Охриѓанка нападната од сограѓанин

 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“,  Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против А.Р. (25) од Охрид.

Пријавениот, на 19-ти овој месец, физички нападнал жителка на Охрид по што се обидел да пребарува по нејзината чанта и по облеката. Настанот се случил околу 16 часот на пресекот на улиците „Димитар Влахов“ и „Кузман Јосифоски“ во Охрид.

-Пријавениот физички ја нападнал по што оштетената паднала на асфалтот во простор помеѓу паркирани возила на улицата. Потоа А.Р. веднаш започнал брзо да пребарува по нејзината чанта и по џеповите од капутот. Во моментот оштетената на висок глас започнала да бара помош по што пријавениот веднаш избегал, соопштуваат од полицијата.

СВР Охрид, набрзо по пријавувањето на настанот, презеде оперативни мерки и го пронајде и приведе А.Р.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега